|
Актуелности
Systasis Броевите 18 и 19 на електронското списание Systasis и посебното издание 2 на Systasis, поставени на интернет во 2011 година, беа презентирани на годишното собрание на Антика одржано на 12-ти мај 2012.
Предавање "Личните имиња на античките натписи во Македонија"
Трибина "65 години класично образование во Република Македонија – влог во европската иднина" Здружението на класични филолози „Антика“ организира трибина на тема „65 години класично образование во Република Македонија - влог во европската иднина“. Трибината ќе се одржи на30.04.2012 година со почеток во 12.00 часот во конференциската сала на ЕУ Инфо Центарот Скопје(бул. Мито Хаџивасилев Јасмин 52в Скопје). Трибината ќе ја води д-р М. Бузалковска – Алексова – Философски факултет. На трибината како дискутанти ќе учествуваат д-р Г. Наумовски – Правен факултет, д-р М. Јованов – Философски факултет, д-р К. Темков - Философски факултет, д-р В. Петрушевски – Природно-математички факултет, д-р Костандина Корнети-Пекеска - Медицински факултет, г-ѓа Л. Велјанова – Драмски театар, д-р В. Димовска - Философски факултет, како лица кои непосредно или посредно партиципираат во различни аспекти и степени на образованието, односно се компетентни излагачи од области во кои класичните дисциплини се или треба да бидат неодминлива компонента. Со своите прашања и коментари во дискусијата ќе може да се вклучат и сите други присутни во салата. Во прилог е поканата за трибината, која слободно можете да ја препратите до сите оние кои сметате дека би сакале да присуствуваат. Е. Џукеска
Покана за научна работилница Сите лица на смешното (Од Антиката до денес) XLI Републички натпревар по латински и старогрчки јазик Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Философскиот факултет во Скопје, на 12. мај 2012 година во просториите на Философскиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи XLI Републички натпревар по латински и старогрчки јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија. Пријавувањето трае до 01.04.2012, а наставниците може да го направат и по електронски пат. За повеќе информации погледнете ја поканата. Годишно собрание на Здружението „Антика“ На 12 Мај 2012 година во 11.00 часот во просториите на Философскиот факултет ќе се одржи редовното годишно собрание на Здружението „Антика“. За повеќе информации погледнете ја поканата. Летна школа за средношколци во организација на Еврокласика – Рим, 2-9. 08-2012 Крајниот рок за пријавување е 15 март 2012. Годишна конференција на Еурокласика, Vilnius, August 31 – September 2, 2012 Annual EUROCLASSICA Conference Academia Homerica XV Academia Homerica ќе се одржи од 6-15 јули 2012 во Атина и на островот Хиос. Крајниот рок за пријавување е 10-ти мај 2012. Курсеви за изучување на современ грчки јазик за сите нивоа – Лезбос 2012
Обука за употребата на интернетот и комуникациските технологии во наставата по класичните јазици – Фано, Италија од 8-15 јули
40 години натпревари по класични јазици и 10 години Здружение „Антика“ На 13.05.2011 во хотелот „Александар Палас“ се одржа свечена прослава по повод јубилејот 40 години натпревари по класични јазици и 10 години од основањето на Здружението „Антика“. Во чест на овој јубилеј Здружението одлучи да им додели благодарници за нивниот особен придонес и за исклучителните залагања во развојот и афирмацијата на натпреварите по класични јазици на три институции: Философскиот Факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на Република Македонија, како и на професорките д-р Љубинка Басотова и д-р Елена Колева. На прославата на присутните им се обратија претседателката на Здружението д-р Елена Џукеска и д-р Весна Димовска, а д-р Марија Чичева Алексиќ го промовираше најновиот издавачки проект на Здружението, зборникот „Одисеи за Одисеја“ реализиран во соработка со Друштвото за компаративна книжевност на Република Македонија. Обраќање на претседателката на Здружението „Антика“ д-р Елена Џукеска Годишно собрание на Здружението „Антика“ На 14 Мај 2011 година во 11.00 часот во просториите на Философскиот факултет ќе се одржи редовното годишно собрание на Здружението „Антика“. За повеќе информации погледнете ја поканата. XL Републички натпревар по латински и старогрчки јазик Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Философскиот факултет во Скопје, на 14. мај 2011 година во просториите на Философскиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи XL Републички натпревар по латински и старогрчки јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија. Пријавувањето трае до 01.04.2010, а наставниците може да го направат и по електронски пат. Academia Ragusina Academia Homerica XIV Academia Homerica ќе се одржи од 8-17 јули 2010 во Атина и на островот Хиос. Крајниот рок за пријавување е 10-ти мај 2011. Излезе од печат 'Одисеи за Одисеја' Зборник на трудови од Научната работилница одржана на 1.6.2009 на Философскиот факултет во Скопје, организирана од Друштвото на класични филолози „Антика“ и Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Излезе и е поставен на интернет новиот број на Systasis 16. Systasis, електронско списание на здружението „Антика“ Новите броеви Systasis 14 и 15 се поставени на интернет. Членовите на редакцијата љубезно ги потсетуваат авторите дека последниот рок за примање прилози за Systasis 16 е 15-ти мај. XXXIX Републички натпревар по латински и старогрчки јазик Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Философскиот факултет во Скопје, на 15. мај 2010 година во просториите на Философскиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи XXXIX Републички натпревар по латински и старогрчки јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија. Пријавувањето трае до 01.04.2010, а наставниците може да го направат и по електронски пат. За повеќе информации погледнете ја поканата. Годишно собрание на Здружението „Антика“ На 15 Мај 2010 година во 11.00 часот во просториите на Философскиот факултет ќе се одржи редовното годишно собрание на Здружението „Антика“. За повеќе информации погледнете ја поканата. Научна работилница Одисеи (митски, уметнички, преведувачки) На 1 јуни 2009 година се одржа Научна работилница Одисеи (митски, уметнички, преведувачки), во организација на Друштвото за класични филолози „Антика“, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Институтот за класични студии при Философскиот факултет и Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Годишна конференција на Еврокласика и меѓународен собир AETERNITAS ANTIQUITATIS Здружението на класични филолози Антика – Скопје во соработка со Философскиот факултет при Унив. „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Европската асоцијација на професори по класичните јазици – Еврокласика организираше Меѓународен научен собир под наслов AETERNITAS ANTIQUITATIS (ВЕЧНОСТА НА АНТИКАТА) и Годишна конференција на Еврокласика, што се одржаа од 27 до 30 август 2009 година во Скопје и Охрид. Наскоро треба да излезе од печат и Зборник на трудови од меѓународниот собир. Предметот Класичната култура во европската цивилизација во основното образование Предметот Класичната култура во европската цивилизација од оваа учебна година 2009/2010 можат да го бираат учениците од петто одделение. Од 9-ти до 11-ти декември 2010 се одржа семинар за наставниците кои го предаваат овој предмет во организација на Бирото за развој на образованието. И покрај недоволната информираност сепак голем број ученици го избраа овој предмет во првото полугодие. Наставниците како помош при работата можат да го користат прирачникот изработен од проф д-р Весна Димовска и проф д-р Весна Томовска. Европски фестивал за латински и грчки Од 28 - 30 мај 2010 во Луксембург ќе се одржи 6-тиот Европски фестивал за латински и грчки: „Писатели, уметници, музичари: Наша класична инспирација“. Еврокласика е партнер во организациајта на овој фестивал. Оние кои што се заинтересирани да присуствуваат на овој фестивал како посетители можат да добијат повеќе информации околу пријавувањето и можностите за сместување на сајтот на Фестивалот: http://www.festival-latin-grec.eu/?lg=en. CIRCE (A Classics & ICT Resource Course for Europe) - Летна школа за класиката и ресурсите на информатичката и компјутерската технологија 2010: 4 - 11 јули 2010 во Аквилеја Од 4 - 11 јули 2010 во Аквилеја, Италија ќе се одржи петтата летна школа посветена на употребата на новите ресурси на компјутерската и информатичката технологија во наставата по класичните јазици. Од оваа година и за наставниците од Македонија достапни се грантови кои ги покриваат патните трошоци и престојот. За повеќе информации погледнете го флаерот за летната школа на: http://www.circe.be/courses/aquileia2010/circe%20course%20Aquileia.pdf Academia Homerica XIII Academia Homerica ќе се одржи од 9-18 јули 2010 во Атина и на островот Хиос. Крајниот рок за пријавување е 10-ти мај 2010. Програма и информации за пријавување
Здружението на класични филолози Антика – Скопје во соработка со Философскиот факултет при Унив. „Св. Кирил и Методиј" во Скопје и Европската асоцијација на професори по класичните јазици – Еврокласика организира Меѓународен научен собир под наслов AETERNITAS ANTIQUITATIS (ВЕЧНОСТА НА АНТИКАТА) и Годишна конференција на Еврокласика, што ќе се одржат од 27 до 30 август 2009 година во Скопје и Охрид.Програма и пријаваСписок на пријавени гости од странствоВо организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Философскиот факултет во Скопје, на 16 мај 2009 година во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи XXXVIII Републички натпревар по латински и старогрчки јазик за учениците од гимназиите и средните училишта од Република Македонија.Истиот ден ќе се одржи и Годишно собрание на здружението Антика.ПоканаПрограма
На 1 јуни 2009 година ќе се одржи Научна работилница Одисеи (митски, уметнички, преведувачки), во организација на Друштвото за класични филолози „Антика“, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет и Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.Покана
XII Academia Homerica ќе се одржи на островот Хиос од 10 до 19 јули 2009 година.Програма и покана за пријавувањеОд 13-18 април 2009 во Дубровник се одржуваше Academia Ragusina I. Oваа академија се организира од Еврокласика, Хрватското здружение на наставници по класичните јазици, Институтот за класични студии при Загрепскиот универзитет. На неа можат да учествуваат средношколски ученици, студенти, професори и истражувачи. Главен интерес на оваа академија претставуваат Средниот век и Ренесансата. ПрограмаЗапочнувајќи од учебната 2008/2009 година, предметот Класичната култура на европската цивилизација може да се изучува како изборен предмет во XII, XIII или IX одделение на деветгодишното основно училиште со фонд од два часа во текот на неделата, односно 72 часа во текот на учебната година. За овој предмет е изработен Прирачник. |